| четврток, 6 декември 2018 |

Полска ќе му даде „пегла“ на Том Хенкс

Моника Јасколска од полскиот град Бјелско-Бјала, инаку обожавателка на Том Хенкс, реши да му подари автомобил Фијат 126-п.

Таа била инспирирана од неговата фотографија во Будимпешта. На неа, тој позира до исто такво возило, па Полјачката дошла до идеја – да организира јавно собирање финансиски средства, на коешто – очекувано, одѕивот бил доста голем.

Така, новиот“ Фијат на Хенкс е произведен во 1975 и има тиркизна боја. По неопходните прегледи и поправки, кои ќе бидат бесплатни, автомобилот ќе биде испратен во Лос Анџелес.

Производството на овие возила во родниот град на обожавателката, се одвиваше од 1973 до 2000 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top