Белгискиот голман Тибо Куртоа е приоритетна цел на Реал Мадрид во летниот преоден рок, а менаџерот на лондонскиот тим веќе има испланирано адекватна замена, доколку тој и дефинитивно реши да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е Џо Харт, англискиот чувар на мрежата, кој сега е позајмен играч во редовите на италијанскиот калчолигаш Торино, инаку под договор со Манчестер сити.
Менаџерот на Челси, Антонио Конте, смета дека Џо Харт би бил одлично решение за голманската позиција, иако ќе се обиде и да го убеди Тибо Куртоа да не се враќа во Мадрид, каде своевремено го носеше дресот на Атлетико Мадрид. Едно е јасно, дека Џо Харт не е во плановите на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, и тој на лето сигурно и дефинитивно ќе го раскине договорот со „граѓаните“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.