| четврток, 6 декември 2018 |

Брза помош тргнала да помогне во верижен судир, се запалила на половина пат (ФОТО+ВИДЕО)

Едно лице загина, а четори се повредени во два верижни судири на обиколницата кај Батајница на Новосадскиот пат, на Ибарската магистрала. Сообраќајот е запрен.

Утрово околу 7.25 часот се случиле две сообраќајни несреќи во кои загина четириесетгодишен маж, а четири лица се повредени и превезени во ургентен центар, соопшти МВР на Србија. Загинатиот човек е пешак кој се обидел да им помогне на повредените во несреќата.

Поради несреќата сообраќајот е запрен, па се создале километарски колони од возила.

soobrakjajka
На теренот се седум лекарски екипи кои ги згрижуваат повредените.
Едно возило на брзата помош итајќи кон местото на несреќата на автопатот Белград – Загреб од непознати причини се запалило.

Во возилото имало само возач, кој пошол како резерва и помош на колегите кои ги згрижуваат повредените лица во верижниот судир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top