Бугарскиот тенисер Григор Димитров е третиот полуфиналист на машкиот турнир на Австралија Опен и е на прагот да го оствари најголеиот успех во кариерата и првпат да заигра во едно Грен слем финале. Ноќеска во мечот од четвртфиналето Димитров беше подобар од белгискиот тенисер Даниел Гофин и го победи во три сета.
Од самиот почеток на мечот Димитров одлично сервираше и тоа до фрустрација го доведуваше ривалот. На крајот се радуваше на победа од 6-3, 6-2, 6-4 за нешто повеќе од два часа борба.
Противник во полуфиналето на Димитров ќе му биде поуспешниот од последното четвртфинале помеѓу Раониќ и Надал.
Швајцарците Федерер и Вавринка го сочинуваат првото полуфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.