| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела

Повикувајќи се на неодамна објавени документи од ЦИА ВМРО-ДПМНЕ оцени дека се потврдиле информациите за криминални и коруптивни активности на поранешни функционери на СДСМ и порача дека за тоа мора да се одговара.

СДСМ е партијата чии олигарси и криминални функционери се збогатија од соработката со Слободан Милошевиќ и шверцот на нафта и акцизни стоки за Србија. Она што го знаеше цела Македонија и цел Балкан сега се потврди со документите кои ги објави ЦИА.

Илјадниците документи на американската разузнувачка служба во врска со Балканот кои се појавија деновиве ја потврдуваат вмешаноста на СДСМ и нејзините највисоки функционери во нелегалниот шверц кон Србија во 90-те години на минатиот век.

Тогашната власт од СДСМ земала мито за кршењето на ембаргото кон Србија. За ова не сведочи Столе од Струмица, за ова сведочат документите на ЦИА.

Корупцијата и криминалот во СДСМ не се ексклузива на Заев и Шекеринска, туку имаат свој корен. Црвенковски, Миљовски и Бузлевски од СДСМ се меѓу луѓето кои добивале мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт. Корумпираните функционери на СДСМ за својот криминал добивале и луксузни Мерцедес автомобили на поклон, сведочат луѓето кои учествувале во криминалот на СДСМ од тој период. Еден од главните криминалци на СДСМ е еден од најголемите проповедници за право и правда по медиуми деновиве – Љубомир Фрчковски како министер за внатрешни работи организирал шверц не само на нафта, туку и на цигари за синот на Слободан Милошевиќ.“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека претседателот на СДСМ Зоран Заев нема да побара истрага за некогашните функционери, бидејќи сметаат оти не го интересира правдата, туку како таа да се избегне.

„Зоран Заев се опкружи со луѓе од негов ков – криминалци. Аболицираниот крииналец Заев нема да повика на истрага против своите некогашни функционери, бидејќи него не го интересира правдата, туку како таа да се избегне. Но, вистината е како шило – кога тогаш, си го наоѓа својот пат до јавноста. Сите криминалци од СДСМ мора да одговараат за своите злодела“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top