| четврток, 6 декември 2018 |

Албанците во Косово ноќеска кршеле српски гробови

Непознати лица минатата ноќ во Гораждевац во близина на Пеќ го осквернавиле споменикот на жртвите од бомбардирањето на НАТО и на деца што загинале на реката Бистрица во 2003 година.

Уредникот на Радио Гораждевац, Дарко Димитријевиќ, рече дека споменикот е погоден од истрели од огнено оружје и дека овој инцидент вознемирил околу илјада Срби што живеат во ова метохиско село, пренесува Блиц.

Џон Јововиќ (19) и Пантелија Дакиќ (12) биле убиени од автоматско оружје на 13 август 2003 година додека се капеле во реката Бистрица, а нивните другари Ѓорѓе Угреновиќ (20), Богдан Букумириќ (14), Марк Богичевиќ (12) и Драгана Србљак (13) биле тешко ранети.

Споменикот што е оштетен се наоѓа на околу 50 метри од центарот на селото. Локалните жители на Гораждевац се сомневаат дека ова е реакција на косовските Албанци на отстранувањето на споменикот на загинатите припадници на ОВПМБ во Прешево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top