Шпанскиот возач, Хорхе Лоренцо има една цел во новата сезона, а тоа е да биде неприкосновен лидер на екипата на Дукати. Тој ја замени Јамаха со италијанската екипа, во која вели нашол нова мотивација, која сака максимално да ја искористи и да стане легенда на тимот.
„Потпишав со Дукати за да останам тука до крајот на мојата кариера. Никогаш не се знае за иднината, особено не на патеките, но тоа е мојата намера. Сакам тука да се пензионирам, и по можност како легенда. Доколку јас поработам на моите слаби точки и Дукати на слабостите на моторот, тогаш ќе имаме голема шанса да стигнеме до титулата во новата сезона“ , вели Шпанецот во интервју за „Газета дело Спорт“.
Лоренцо ги отфрли сите шпекулации кои тврдат дека си заминал од Јамаха поради лошите односи со Валентино Роси, за кого вели дека е колега за пример, кој не те остава да се опуштиш и те тера да го даваш максимумот на секоја трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.