| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров неприкосновен на врвот на листата на стрелци на СП

По завршувањето на четвртфиналните натпревари од Светското првенство во ракомет кое се одржува во Франција, нашиот капитен Кире Лазаров и понатаму е лидер на листата на стрелците со 50 постигнати голови.

На второто место е Лопез од Ангола со 47, па следи Банур од Тунис со 45 гола, но и од двата нема никаква опасност кон нашиот ракометар, со оглед дека и двете репрезентации веќе ги завршија настапите на Мундијалот.

Во моментот најголема опасност по Кире Лазаров се ракометарите на Норвешка, Бјорнсен и Сагосен кои имаат по 36 погодоци, но и сигурни два натпревари до крајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top