Обично политичарите на заминување потсетуваат и се фалат како решиле многу конкретни проблеми, како унапредиле соработка, какви мостови на соработка изградиле, какви проекти завршиле од интерес за народот и државата. Како од непријатели создале пријатели. Ја истакнуваат својата визија и резултати и успеси кои треба народот да ги запомни откако тие заминуваат од функцијата- стои во реакцијата на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.
-Плевнелиев на заминување од Претседател на Бугарија се пофали дека свесно ги влошувал односите со Македонија, издржал да не ја посети Македонија ниту еднаш и учествувал во менување на бугарската политика кон Македонија и заоштрување на односот со Бугарија кон Македонија. Кажа и дека во ЕУ може да влезе Македонија, но не и македонизмот.
Се кажа ама не кажа дека решил макар и еден проблем во меѓусебните односи. Не кажа, бидејќи и нема што да каже. Макар и нешто малку корисно и завршено со успех во позитивен правец. И многу е горд на тоа. На тоа што од пријател создава непријател. Очигледно тој сметал и сеуште смета дека проблемите ќе ги реши со правење штета на Македонија и со запирање на дијалогот.
Закопан длабоко во историјата, човекот се смета за политичар со европски манири. Иако бесмислено, човекот така функционира- напиша Данев од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)