-Можете да ме уапсите било кога- се зборовите кои 32-годишната Саманта Сепулведа често ги слуша на должност, додека во сината униформа се бори против криминалот на улиците на Њујорк.
Прекрасната полицајка во слободно време е модел за долна облека. Толку е убава што, вели, со сомнителните не мора да биде насилна. Самите доброволно тргаат со неа.
-Секогаш им ставам лисици на мажите, бидејќи не сакаат да се борат со мене – вели за Њу Јорк Пост Саманта и додава дека има помалку тензија кога на терен излегува полицајка.
-Со полицајка криминалците лесно го спуштаат гардот. Има помалку агресија и ситуацијата брзо се смирува- вели таа.
На њујоршката полиција ѝ се приклучила во 2010. година откако завршила економски факултет, а модел станала 3 години подоцна. Сакала кариера во која ќе им помага на луѓето, и затоа станала полицајка.
Тврди дека нејзините фотографии не се вулгарни, туку го слават женското тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицајката која истера бездомник од ресторан, разлути многумина (видео)
-
Трајановски: ЈО да утврди дали има прикривање на физичко насилство врз полицијаката
-
Функционер на ДУИ нападнал полицајка кај Мавровка – сакале да му го кренат џипот со пајак
-
Полицајка се сликала топлес додека е на должност (+18)