Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги осуди случувањата на финалето во националниот куп меѓу Шкендија и Тетекс, кој беше прекинат, синоќа, поради националистичко и навредливо скандирање од трибините на арената „Филип Втори” во Скопје.
„Вчерашните немили сцени оставија горчина и разочараност кај секој спортист, секој навивач, секој обичен граѓанин. Сево ова бара итна институционална акција, кое ќе ги опфати сите слоеви на нашето општество. Мора да ги реафирмираме вистинските вредности на спортската игра, особено меѓу најмладите како идни главни актери на спортските терени, и како учесници и како навивачи. Во нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество, многу е значајно да се превенира девијантното однесување, непристојното навивање и насилството на спортските терени. Однесување што многу лесно може да предизвика тензии меѓу заедниците. Досегашното искуство покажа дека имаме зачестени појави на нетрпеливост меѓу различните групи на спортските терени. Нетрпеливост што се изразува преку погрдни, навредливи етикетирања на едните кон другите, а неретко и физичко пресметување за време на и по спортските натпревари. Ова сосема ја искривува вистинската витешка и социјална димензија на спортот”, изјави претседателот Ѓорге Иванов.
Со посебно соопштение до медиумите вчерашното дивеење на навивачките групи, особено на „Балистите“, кои ја подржуваат Шкендија, го осуди и фудбалската федерација на Македонија. Финалето беше прекинато на двапати и не се доигра синоќа. Закажано е со нов термин и ќе се игра на 26. мај, в недела од 20 часот, но без присуство на публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“