Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј ги нарече „лудории“ ставовите на Отец Ивица Тодоров од скопската епархија на МПЦ, со кои ги разобличува начините на делување на Џорџ Сорос и неговата мрежа на невладини организации кои ги финансира.
На својот фејсбук профил Отец Ивица Тодоров напиша:
„Целта (на Сорос) е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!“
Тој додава и дека „сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре.“
Овој коментар на Отец Ивица Тодоров од скопската епархија на МПЦ, владиката Тимотеј го прокоментира како „лудорија“ за порталот „Плус Инфо“ кој го надополнува Тимотеј и дополнително заклучува дека Отецот Тодоров со својот коментар се ставил во служба на хајката против соросовите невладини која ја организирала власта.
За потсетување, на гласилото на СДСМ/Сорос „Плус Инфо“ покрај владиката Тимотеј, редовно место преку колумни да ја шири својата пропаганда добива и т.н. отец Давид Нинов од расколничката црква на Вранишковски, формирана со антимакедонски идеи и од политички причини.
Викиликс откри како Сорос се меша во христијанските организации
Добро познато е дека меѓу невладините кои се финансирани од Сорос насекаде во светот, па и во Македонија, има и такви кои се силни борци против забраните за абортус и за правата на ЛГБТИ заедницата, што се коси со верувањата на Црквата. Покрај тоа, Сорос како што сведочат и тајните документи кои протекоа и ги објави Викиликс, има и долгорочна стратегија за директно мешање во црковните работи и на католичката црква и на правосланите цркви.
„Декларираниот опонент на се што е Христијанско, либералниот „филантроп“ Џорџ Сорос инвестира големи суми во христијанските „корисни идиоти“ за да го смени наративот на христијанскиот морален дискурс во Америка“ – ова го пишува во својот есеј за Џорџ Сорос свештеникот Роберт Сирико за влијателниот „Вашингтон Тајмс“.
Еден од примерите за кои се зборува во протечените документи се стотиците илјади долари кои Сорос ги донирал на т.н. верски организации кои, како што пишуваат американските медиуми, се христијански само во името кое го носат и во ништо друго. Во објавените документи многу изричито стои дека целта на мрежата на невладини кои ги финансира Сорос е да се мобилизираат 10.000 луѓе да делуваат како активисти во промоција на идеите на Фондацијата отворено општество под превезот на христијанството и граѓанските организации.
Невладините христијански организации кои ги финансирал Сорос, според објавените документи на Викиликс, имале за цел да се спротистават на црковните лица кои се против Сорос. Хакираните мејлови според американските медиуми, покажуваат дека радикалниот „филантроп“ сака да ги промени гледиштата на Христијаните и црквите ширум светот, користејќи измами, манипулации и пари.
Конечно, парите на Сорос биле употребени и за да се промовираат одредени свештени лица како експерти кои ќе ги бранат ставовите на Сорос во најголемите медиуми како УСА Тудеј, Њузвик, Сиенен, Енбиси, Бостон Глоуб, Вашингтон Пост, Бостон Глоуб и Гардијан.
Парите на Сорос им помогнале на „Христијанските“ групи да обезбедат поддршка за екстремистичката политичка агенда на Сорос меѓу христијанските заедници кои речиси сигурно немале поим дека „христијанските невладини“ биле финансирани од анти-христијански екстремист како Сорос, пишуваат медиумите во Америка.
Неодамна исто така беше разоткриена и шемата на делување на Сорос во Грузија, земја во која евро-скептицизмот расте и во која 84% од населението се православни христијани, односно Православната црква е организацијата која има најголема доверба меѓу Грузијците. Токму затоа, Сорос гледа прилика преку инфилтрирање во незините редови да ја спроведува својата мисија која во случајот е одвојување на Грузија од источниот блок и предавање на нејзината иднина во рацете на Европа.
Некои експерти ја обвинуваат токму црквата во Грузија за евро-скептицизмот, бидејки дел од клирот смета дека Европа и Западот се закана за автентичната култура и традиција на оваа земја.
Тука на помош доаѓаат финансиите на Сорос кој преку невладина организација наречена Центар за Развој и Демократија од Тбилиси има за цел да ангажира свештени лица „како важни партнери во промовирање на поголемо разбирање и поддршка за евро-интеграциите“. За таа цел оваа невладина спонзорирана од Сорос е медиумски активна преку портали и весници спонзорирани од Сорос и преку добропознатата шема на промовирање експертски мислења на темата има за цел да „тренира“ православни свештеници кои ќе влијаат врз грузиските православци кон омекнување на нивните анти-ЕУ ставови.
Владици на МПЦ-ОА се за абортус и за ЛГБТИ?
Имајќи ги предвид сите овие јавно достапни факти, секој има право логично да извлече заклучок: каков бенефит би имало било кое свештено лице да ги брани операциите на манипулантот Џорџ Сорос.
Уште едно легитимно прашање е дали поддржувајќи и бранејќи го Сорос се бранат и начините за неговото влијание во религиозните организации и манипулирање со верниците, односно дали поддржувајќи го и бранејќи го Џорџ Сорос, свештениците го поддржуваат финансирањето на ЛГБТИ и анти-абортус организациите кои Сорос ги финансира.
Инаку, декларираниот атеист Сорос за себе смета дека е некаков вид на Бог:
-Се сметав себеси за некој вид на Бог. За волја на вистината, носев со мене некои потентни месијански фантазии со мене уште од детството, за кои мислев дека мора да ги контролирам, во спротивно имав чувство дека може да ме внесат во проблеми, ова за себе го напиша милијардерот Џорџ Сорос.
-Сигурно е некој вид на болест кога се сметаш себеси за некаков Бог, создател на сѐ, но се чувствувам комфорно откако научив да живеам со тоа, дообјаснува Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)