Напредокот и модернизирањето на земјоделскиот сектор е една од основните цели и политики на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години инвестираше над 1 милијарда евра во земјоделието. Пари кои го помогнаа, модернизираа и подигнаа квалитетот на земјоделскиот сектор, изјави на денешната прес конференција, Емилија Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжените целото нејзино обраќање интегрално:
Преку 90.000 земјоделци на годишно ниво ги користат земјоделските субвенциите. Тоа се 90.000 семејства кои добиваат помош од државата за нивниот вложен труд.
Разликата во земјоделската политика со СДСМ е очигледна. Кога тие беа на власт, за земјоделците се двоеја 5 милиони евра и тоа само една година.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ му даде шанса буквално на секој еден земјоделец кој сака да се занимава со земјоделие. Во периодот од 2006-та до 2016-та година ВМРО-ДПМНЕ преку 100-тина јавни огласи и повици додели над 65.500 хектари земјоделско земјиште и тоа на над 9.000 земјоделци кои за прв пат добија шанса од државата да произведуваат.
За споредба, во периодот пред 2006-тата година не секој имаше шанса да добие државно земјоделско земјиште. Само околу 400-тини фирми и олигарси блиски до СДСМ имаа привилегија да ги користат државните земјишта.
Ова, обичниот земјоделец не им го заборава на Социјал-демократскиот сојуз.
Впрочем, во нивно време земјоделската гранка беше на најниско можно ниво од цела Европа. Денес, после 10 години ситуацијата драстично е променета. Имаме успешни приказни на земјоделци кои веќе 10 години ги користат мерките и помошта од Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае што му е потребно на земјоделецот. ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно помеѓу земјоделците и се бори за решавање на секој еден нивни проблем. Земјоделците тоа го знаат најдобро. Тоа е нашата одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ во својата најобемна програма РЕАЛНО предвиде во април 2017-та година да стартува новиот проект преку кој се нуди 80 проценти поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари. Оваа мерка е наменски воведена за да им помогне на земјоделците да остварат поголем приход, додека пак благодарение преку помошта која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, инвестицијата ќе ја повратат уште во првата година.
Начинот на кој се грижи ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците е јасно видлив и препознаен од самите земјоделци. ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе продолжи да го помага земјоделието, бидејќи е моторот на стопанството во нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)