Македонскиот напаѓач и капитен на репрезентацијата, Горан Пандев беше прогласен за МВП за неговиот настап против Кротоне (2-2) од страна на екипата на Џенова. Тој доби повеќе гласа од Симеоне и Окампос, кои ги дадоа головите за екипата, но токму нашиот фудбалер го изнуди пеналот во 65. минута, по кој домашната екипа поведе со 2-1.
Пандев влезе во игра на местото на Лазовиќ во 61. минута и само неколку моменти подоцна беше срушен во противничкиот шеснаесетник, што им донесе пенал на домаќините. Сепак, Кротоне успеа да се врати во игра и да извлече бод, со што ја продолжи кризата на Џенова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.