Поранешниот австриски шампион Штурм е заинтересиран во своите редови да го доведе македонскиот репрезентативен Енис Барди, пишува австрискиот медиум „Штурм Нец“. Третопласираниот тим во австриската Бундес-лига, кој напролет има намера да се бори за титулата заедно со Алтах, Салцбург и Австрија Виена има потреба од квалитетен плејмејкер, а во плановите на тренерот Франко Фода е токму Енис Барди. Сепак, медиумот наведува дека Штурм нема да може лесно да го купи Барди, кој неодамна се согласи да потпише нов договор со унгарскиот клуб Ујпешт.
Покрај Барди, на списокот на тренерот Фода се и австрискиот интернационалец Жолт Калмар, кој е член на бундеслигашот Лајпциг, но е позајмен во ФСВ Франкфурт, како и младиот фудбалер на Вашаш, Мате Вида.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.