| четврток, 6 декември 2018 |

Путин одобри ждрепката за Светското првенство 2018 година да се одржи во Кремљ

vladimir putin

Од Светската куќа на фудбалот (ФИФА) потврдија дека ждрепката за Светското фудбалско првенство ќе се одржи на 1 декември оваа година во Кремљ.

Владимир Путин им дозволи на челниците на ФИФА да го користат објектот во Москва за церемонијата на Мундијалот, што во 2018 година ќе се одржи во оваа држава. Продажбата на билетите започнува на 19 јануари 2018 година.

Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни 2018 година на стадионот „Лужњики“ во Москва, а финалниот натпревар е закажан за 15 јули на истиот стадион. Целиот шампионат ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови. Претходно оваа година, од 17 јуни до 2 јули ќе се одржи Купот на Конфедарициите, кој е предвесник на Светското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top