Најдобриот тенисер на сите времиња, Роџер Федерер, е вториот полуфиналист на Австралија Опен, со што Швајцарија има загаранатирано место во финалето, бидејќи за место во мечот за титулата 35-годишниот Федекс ќе се сретне против Станислас Вавринка.
Федерер на многу полесен начин од предвиденото го победи Миша Зверев од Русија со 3-0 во сетови (6-1, 7-5, 6-2) за еден и пол час нерамноправна борба. Само што мечот започна Федерер направи двоен брејк и го одби првиот сет за неполн половина час. Таквиот развој на настаните остави трага врз 50. тенисер на светот.
Иако, имаше поголема борба во вториот сет, а Германецот Зверев и прв направи брејк, не успеа да го зададе одлучувачкиот удар. Федерер со ри-брејк се врати во егал состојба, а во 11. гем пак го одзеде сервисот на противникот за водство до 2-0 во сетови.
Разиграниот Швајцарец и во третиот сет „танцуваше“ на „Род Лејвер арената“ и со двоен брејк на ефектен начин за 92 минути обезбеди место во полуфиналето. Со победите над Бердих, Нишикори и Зверев, Роџер Федерер потврди дека не е „старо железо“ и дека може да сонува 18. Грен слем турнир во кариерата. Ова е 41. полуфинале на големите турнири за големиот Федерер, а 13. во Мелбурн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.