| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе не ги чекаат ни да пораснат: Искористени две бебиња како бомбаш-самоубијци

Жените определени за бомбаш-самоубијци носат бебиња со себе, за да ја одбегнат деталната контрола, пред изведувањето на терористичките напади – соопштија безбедносните власти во Нигерија.

Еден така организиран напад, бил изведен на 13 јануари, во нигерскиот град Мадагали, кога  две жени, кои во рацете имале бебиња, ги активирале експлозивните направи поставени на нивното тело, убивајќи се себеси, бебињата и уште четири други лица.

Нигериските власти признаваат дека жените ја поминале слабата проверка на контролниот пункт, само затоа што со нив биле и две бебиња.

Домашните безбедносни експерти забележуваат дека жени, бомбаш-самоубијци имало и порано, но дека сегашната употреба на бебиња при изведувањето на нападите, претставуваат „опасна новина“ во борбата со тероризмот.

Властите во Нигерија веруваат дека зад ова се крие исламистичката милитантна група Боко харам, која е одговорна за два напади на жени бомбаш-самоубијци во кои биле користени и бебиња.

Во вториот напад, жените биле запрени за рутинска проверка и тогаш тие ги активирале бомбите.

Инцидентите се случуваат во градот Мадагали на крајниот североисток од Нигерија, во сојузната држава Адамава.

Градот во 2015 година беше ослобоен од терористте на Боко харам, а нигерските сили презеде голем дел од територијата што доскоро ја имаше под контрола оваа група, но таа сега применува терористички напади, најчесто во деловите што претходно ги имаа заппоседнато.

Боко Харам како бомбаш-самоубијци почна да користи млади жени и девојчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top