Станислас Вавринка е првиот полуфиналист на машкиот турнир на Австралија опен, откако го збриша Французинот Жо-Вилфред Цонга со 3-0 (7-6,6-4,6-3) во сетови.
По тај-брекот во првиот сет, Вавринка многу полесно од предвиденото го „скрши“ серверот Цонга. При 3-3 во вториот сет Вавринка направи брејк со кој и дефинитивно ги разреши дилемите околу победникот и полуфиналистот.
Вавринка ќе го дочека победникот од денешното второ четвртфинале меѓу Роџер Федерер и Миша Зверев за да го дознае името на својот полуфинален противник, а утре се играат мечевите од долниот дел од костурот помеѓу Раониќ и Надал и Гофин и Димитров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.