| четврток, 6 декември 2018 |

Овој минерал го регулира нивото на шеќерот во крвта

Хромот го регулира нивото на шеќерот во крвта, а кај пациентите зависни од инсулин може да ја намали потребата за лековите и инсулин.

За превентива настанокот на дијабетес клучна улога игра хромот, кој организмот не го создава туку мора да се внесе со храна. Овој минерал го регулира нивото на шеќерот во крвта, а кај пациентите зависни од инсулин може да ја намали потребата за лекови и за инсулин. Кај лицата со гранични ведности на шеќерот во крвта може да се спречи да станат зависни од инсулин. Кај тие кај кои шеќерот е „паднат“ помага да се врати на нормално ниво.

Хром има во броколи, месо, пивски квасец и пиво, вино, јачмен, пченични снегулки, пилешко, печурки.

Една шолја брокол содржи 22 микрограми хром, што е пет пати повеќе од која било друга намирница. Препорачани дневни дози се од 50 до 200 микрограми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top