| четврток, 6 декември 2018 |

Со богат ручек против дијабетесот: Не заборавајте да се напиете чаша пиво

За превенција од настанување на дијабетес, клучна улога има хромот, кој организмот не го создава сам, туку мора да се внесува преку исхраната. Овој минерал го регулира нивото на шеќер во крвта, а кај пациентите кои примаат инсулин може да ја намали потребата за лекови и инекции. Кај луѓето со гранични вредности на шеќер во крвта може да ја спречи зависноста од инсулин, а кај оние на кои нивото на шеќер им е ниско, хромот помага да се нормализира.

brokula meso rucek sendvici

Хромот се наоѓа во брокулата, пивскиот квасец и пивото, месото, виното, јачменот и овесните снегулки. Утврдено е дека една шолја брокула содржи 22 микрограмови хром, односно 5 пати повеќе од било кои други намирници. Препорачаната дневна доза е од 50 до 200 микрограмови.

Секако, треба да се води грижа за препорачаната доза бидејќи претераното внесување на хром може да предизвика токсичност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top