| четврток, 6 декември 2018 |

Mинерал кој ќе ве ослободи од сите женски проблеми

Доколку страдате од ужасни менструални болки, лош сон или депресија, магнезиумот може да ви помогне.

zena

Ако страдате од сериозни грчеви во текот на менструацијата, зголеменото внесување на магнезиум може да ви понуди олеснување. Медицинскиот центар на Универзитетот Мериленд препорачува 360 милиграми магнезиуми дневнбо во текот на три дена пред менструалниот циклус. И додека постојат многу малку медицински истражувања, некои жени тврдат дека масажа на стомакот со магнезиумово масло им помага за грчевите.

Сите оние кои страдаат од инсомнија или се будат летаргични, може да ја подобрат својата состојба со помош на магнезиум. Во една студија, возрасните кои 8 недели земале магнезиум почувствувале значително зголемување на квалитетот на сон.

Некои истражувања покажале дека магнезиумот е еден од слабо искористените лекови за сериозна депресија. Досегашните резултати покажале дека личностите кои обрнале внимание на внесувањето на магнезиум почувствувале значително подобрување на менталното здравје. Препорачаната дневна доза на магнезиум е 800 милиграми и најмногу го има во бадемите, сусамот, семките од сончоглед, смоквите, лимонот, јаболките , зелениот зеленчук , целерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top