| четврток, 6 декември 2018 |

Берни Еклстон потврди: Си одам од Формула 1

По цели 40 години поминати на чело на Формула 1, Берни Еклстон повеќе не е извршен директор. Осумдесет и шестгодишниот Англичанец заминува во пензија, вест што и самиот ја потврди.

– Денеска бев сменет од функцијата. Тоа е. Сега и официјално си заминувам. Повеќе нема да бидам лидер на таа компанија – изјави Еклстон за германското издание „Auto motor und sport“.

Како што пренесуваат француските медиуми, Еклстон од местото претседател го симнале новите сопственици на „Либерти медиа“, а неговата замена е Американецот, Чејс Кери.

Британскиот милијардер, Еклстон од Ф1 направи најспектакуларно автомобилистичко шоу, чиј годишен профит е околку две милијарди долари. Меѓутоа, неговото заминување не претставува големо изненадување бидејќи за истото се шпекулираше веќе некое време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top