Поминаа две години откако тогашниот премиер црвенееше пред камерите зјапајќи во голото меѓуножје на водителката Бранка Кнежевиќ, ѕвездата на оваа скриена камера. Денеска 37-годишната водителка открива каков е нејзиниот однос со Ивица Дачиќ и како таа емисија и го промени животот.
Бранка денес живее во Нови Сад и се занимава со приватен бизнис, од време на време снима реклами, а најмногу се фокусира на фудбалската „кариера“ на шестгодишниот син.
– Таа скриена камера беше многу гледана и ми помогна луѓето во Србија да ме препознаваат. Јас и пред снимката имав интернационална кариера како манекенка, но овде не ме познаваа – вели таа за српски „Информер“.
Вели дека Дачиќ не го видела од снимањето на скриената камера, но верува дека би имале пријатна средба.
– Од тогаш поминаа две години и никогаш не сме се сретнале. Би сакала да го видам! Верувам дека тоа би била пријатна средба. Ивица Дачиќ многу го почитувам и го ценам и како политичар и како човек. Снимањето навистина помина супер и тој целата ситуација ја прифати одлично, бидејќи е природен човек кој сака да се шегува – вели Бранка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)