Иницијативниот одбор на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“ ги информираше граѓаните дека овие денови ќе побараат одговор од Американската амбасада и од мисијата УСАИД во Македонија, на кој начин соработуваат и ја финансираат Фондацијата Отворено општество во Македонија.
-Станува збор за пари кои преку разни програми овие две институции ги даваат на Фоднацијата на Отворено општество за политички цели и за пласирање на одредена политичка идеологија што е прифатлива само за една политичка опција во Македонија. Исто така, сите релевантни институции во САД ќе бидат информирани за случувањата во Македонија на оваа тема, како и новоформираната администрација на претседателот Доналд Трамп, од каде што ќе побараме да се изврши ревизија на оправданоста на овие програми и воедно ќе побараме да се изврши одредена истрага во врска со можна злоупотреба на овие парични средства кои припаѓаат на даночните обврзници на САД, вели Ненад Мирчевски.
-Ние движењето „Стоп Операција Сорос“ сме им благодарни на САД за големото ниво на поддршка како политичка и безбедносна така и на финансиска која и ја доделуваа на Република Македонија во изминатите децении. Свесни сме дека САД имаше огромен придонес за создавање на самостојна Македонија во раните 90-ти години, но сепак пријатели се пријатели затоа што ја кажуваат вистината. Јавноста, како и новата администрација на САД мора да знаат што навистина се случува во Република Македонија со финансиите кои се влеваат во нашата држава, а истите произлегуваат од даночните обврзници на САД, истакна Никола Србов.
Тој вели дека македонската и американската јавност треба да знаат дека од февруари 2012 година УСАИД влезе во стратешка соработка со фондацијата отворено општество финансирана од Сорос во Република Македонија, а Сорос ги вбројува во топ 10 негови стратешки партнерства. Во 2012 година УСАИД Македонија потпиша договор за проект за развој на граѓанското општество во Македонија тежок безмалку 5 милиони долари, а како главен изведувач е фондацијата на отворено општество. На оваа организација ѝ се придружува и Центарот „Форум“ на господинот Сашо Ордановски, Младиот образовен форум, Центарот за граѓански комуникации и реактор. Целта на овој проетк е да се развие мрежа на поддржувачи на овие организации низ државата и да се поттикнува активизам и да се создаваат платформи за мобилизирање на активисти.
-Во декември 2012 година во Македонија започна да се креира кризата со блокирањето на парламентот од страна на СДСМ кога требаше да се донесе буџетот на Република Македонија, по што следеше и нападот на собранието на Македонија од страна на активистите на СДСМ и од фондацијата отворено општество. Оваа меѓусебна соработка помеѓу Усаид и Сорос заврши на 31 август 2016 година или поточно гока завршија протестите на така наречената шарена револуција во Република Македонија, потенцираше Србов.
Цветин Чилиманов како член на овој одбор вели дека овие денови биле преплавени со понуди и повици од граѓани кои се заинтересирани да се приклучат и да бидат дел од оваа иницијатива и сакаат на некој начин да придонесат за нејзината успешна реализација.
– Преку социјалните мрежи ние во текот на овие денови ќе ги информираме и граѓаните како можат конкретно да испратат информации како и во Македонија, така и во Вашингтон, да испратат свои забелеѓки, поплаки и коментари до луѓето кои ги распределуваат овие средства и да им кажат дека Македонија го цени стратешкото пријателство со САД, но изминатиот период на мекој начин тоа беше киднапирано од една група од двете страни на двете држави, изјави Чилиманов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)