| четврток, 6 декември 2018 |

Древна планина на работ на светот мистерија за научниците

Планината Рорајма се наоѓа во Јужна Америка, на границата на Венецуела, Бразил и Гвајана. Го добила прекарот лебдечки остров, зашто изгледа како да лебди на самиот раб на светот. Интересна е по тоа што многу потсетува на планинското плато од цртаниот филм „До небото“ (Up).

Врвот на ова чудо на природата е стар околу две милијарди години и толку е единствен што научниците сѐ уште се обидуваат да го разберат неговиот екосистем. Во споредба со Монт Еверест, кој е стар околу 60 милиони години, можеме да кажеме дека ова е древна планина. Сите четири страни се стрмни, високи околу 400 метри, поради што изгледа како огромна полица од прастар камен.

planina rorajma venecuela

Поради височината, научнците се прашуваат како суштествата чијшто дом е врвот од оваа планина воопшто успеале да стигнат таму. Дали се развивале изолирано на планината или допатувале од некој друг екосистем?

planina rorajma venecuela 2

Истражувањата денеска сѐ се поблиску до одговорот и тоа со помош на жабите. Земена е на испитување ДНК на четири жаби од изолираниот врв во Јужна Америка за да се утврди дали имаат заеднички предок од пред 70 милиони години. Ако се открие дека имаат, тоа ќе значи дека сите четири жави живееле и се развиле на планинскиот врв. Ако не, веројатно тоа ќе значи дека од некаде дошле на врвот.

planina rorajma venecuela 4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top