| четврток, 6 декември 2018 |

Како се буделе луѓето пред да бидат измислени будилниците?

Денес имаме секаков вид аларми кои не будат, но како се буделе луѓето во минатото, пред првиот  механички будилник да биде измислен во 1787 година и патентиран 50 години подоцна?

Историјата покажува дека луѓето секогаш биле инвентивни, што се однесува до непријатното, но задолжително станување рано.

Уште во 725 година И Син, кинески монах, математичар, инженер и астроном  создаде часовник во кој механизамот активира гонг во различни периоди.

budilnik 1

Во 1787 година Леви Хатчинс создава личен будилник. Главниот проблем е во тоа што го прави за себе, затоа се вклучува само во 4 часот за да го буди за работа.

Механичкиот будилник е патентиран во Европа во 1847 година и во САД во 1876 година, но во тоа време луѓето не чувствувале голема потреба од него.

Во Велика Британија и Ирска професијата да ве будат луѓето постои до 70-тите години на XX век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top