Поместени се стрелките на часовникот на Музејот на град Скопје, кои престаа да работат по катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963. Наместо 5.17 часот, стрелките на часовникот сега покажуваат 6.17 часот. Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека забележале оти стрелките се поместени деновиве додека работеле на поставување на буквите од пораката за солидарност на Јосип Броз Тито, во рамките на одбележувањето на 55-годишнината од катастрофата.
-Не знаеме кога се поместиле стрелките. Најверојатно тоа е од последниот земјотрес што се случи пред две години, но никој досега не приметил. Попладневно екипи ќе излезат на терен и ќе ги поправат односно ќе го вратат времето 5.17 часот, кога тие престанале да работат, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.