| четврток, 6 декември 2018 |

Колку е опасно по здравјето поместувањето на стрелките на часовникот?

Летното сметање на времето е годишен ритуал кога еден час од утринската светлина ја менуваме за попладневна светлина и ова можеби изгледа како безопасна размена, но всушност не е така. Секоја година во понеделникот по менувањето на часовникот болниците известуваат за 24-процентно зголемување на срцеви удари. Дали ова е случајност? Веројатно не.

забележале обратен тренд наесен: откако ќе ги вратиме часовниците, срцевите удари опаѓаат за 21 отсто бидејќи луѓето добиваат дополнително време за спиење. Причината поради која поместувањето на часовниците еден час нанапред може да нè убие е испрекинатото спиење. Наместо часовникот да се смени од 1:59 во 2:00, како вообичаено, тој ќе се смени директно во 3:00. Истражувачите проценуваат дека на овој начин ќе бидеме лишени од дополнителни 40 минути сон.

– Толку вашето тело е слабо и чувствително на само еден час изгубен сон – вели експертот за сон Метју Валкер.

Според него, овој „глобален експеримент“, кој го применуваме двапати годишно, е знак за тоа колку нашите тела се чувствителни на менувањето на распоредот: наесен промената е благослов, додека напролет е фатална клетва. Трагичниот тренд со срцеви удари трае само еден ден, но нашите тела може со недели нема да целосно да закрепнат од потресот. Ние, исто така, сме посклони да правиме смртоносни грешки на патиштата.

Истражувачите проценуваат дека автомобилските несреќи во САД предизвикани од возачи што се поспани поради промената на времето најверојатно биле одговорни за губење на околу 30 човечки животи во периодот од 2002 до 2011 година. Летното сметање на времето исто така предизвикува повеќе повреди на работа, повеќе удари и може да доведе до привремен скок на бројот на самоубиства во ова време од годината. Поради овие причини, некои држави, како Флорида и Масачусетс, почнуваат да лобираат да се прекине со оваа практика, а Хаваи и Аризона веќе ја игнорираат.

Летното сметање на времето оригинално било измислено како начин за штедење енергија и било имплементирано во Германија за време на Првата светска војна. Неодамнешните истражувања покажуваат дека најверојатно тоа воопшто не ни заштедува енергија, но има некои докази дека попладневната светлина може да го редуцира криминалот и да го продолжи периодот што луѓето го минуваат вежбајќи. Но, помалку од половина од земјите во светот учествуваат во овој ритуал на менување на часовникот и традицијата неизбежно чини човечки животи.

Затоа, додека уживате во дополнителната дневна светлина, бидете внимателни со вашето срце и со вашиот автомобил.

извор: Факултети.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top