Откако се разведе од Анџелина Џоли на големо се зборува дека Бред Пит нашол утеха во згодната актерка Кејт Хадсон.
Откако еден американски таблоид објави дека Бред веќе се преселил кај Кејт, нејзиниот брат Оливер имаше став околу тоа.
-Да, се всели и сега ова е пекол. Многу е неуреден. Пие од тетрапак и ја остава вратата од купатилото кога оди во тоалет. Време е да се отсели. Си го сакам назад животот – напиша Оливер Хадсон.
Но, нивната мајка Голди Хон напиша: Тој ја прави ќерка ми многу среќна!
Потоа Оливер продолжи.
-Инсистира моите деца да го викаат вујче Б. Ја загуби мојата најмлада ќерка на пристаништето во Санта Моника. Не знаевме каде е два дена. Мајка мии постојано флертува со него. Носи проѕирни ноќници по цел ден пред него. А татко ми само коментира: Нема врска, тоа е само Бред Пит! – пишува Оливер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.