| четврток, 6 декември 2018 |

Темни, бестрашни и неповрзани: Бои кои ќе ја одбележат 2017 година

Пред Нова година дизајнерите сериозно си ја сфатија работата и ги загреаја столовите за со првиот снег да пристигнат и трендовите за 2017 година. Тие ги следат општествено-политичките случувања во светот и им даваат замислена боја. Една американска фирма за производство на бои за оваа година ги предлага овие три трендови во уредувањето на ентериерот.

Бестрашни

intrepid_clors

Виртуелното и реалното постојано се преклопуваат и се спојуваат со новите видови комуникација и работење, зашто сме достапни каде и да сме. Додека со нетрпение чекаме да се случат социјални и политички промени, прво се менуваме себеси и повторно ги измислуваме своите идентитети. Ноците генерации прават онака како им одговара, својствено ан својата личност, со голем стремеж за самодоверба. Тука совладливата енергија е насочена на овој момент, на сегашноста која се прикажува во огнени нијанси на лелеавите и живи „кимоно“ бои.

Ноар

noir_colors

Една од нашите највредни суровини е ноќта. Мечтаеме за прибежиште од уличните светилки и сјајните билборди, бараме простор да го завртиме погледот кон внатре и да ги наполниме своите духовни батерии. Свесната меланхолија започнува нов романтизам обележан со средновековни обрасци, оживеани обичаи и горко-слатка убавина. Холандските мајстори знаеле во што е тајната: темните нијаси создаваат драматична сцена за сите сетила. Оваа палета е богата со нијанси на зрело грозје, нордиски блуз, пркосно неутрална и златножолта.

Неповрзани

unbounced_clor

Глобалната миграција ги редефинира границите на земјите, националниот идентитет и нашето чувство за соживот. Сите стануваме граѓани на светот, а марките стануваат се повеќе водени од намената, заедницата е поврзана. Дизајнот се прилагодува на различни популации и потреби. Прекумерниот конзумеризам полека го заменува глобалната свест за причините и последиците од потрошувачките одлуки. Глобалната свест е мурал обоен во земјени бои на сенф, океанскосина, корална и боја на кал.

Холистички

holistic_colors

Одржлив дизајн и радикалнa транспарентност се новите стандарди. Како што нашето секојдневие се движи напред, така стекнувањето искуства станува сѐ подобро за купување на повеќе работи. „Прави добро“ е новото „Изгледа добро“ и тоа во форма на волонтерство, релаксација и еко-патувања. Ние сме во потрага по неостварлив идеал: луксузот. Патиштата на ова патување се обрабени во леденонеутрални, светлорозови и кафени бои.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top