Њу Ингланд патриотс и Атланта фалконс успеаја да стигнат до големото финале во НФЛ лигата и на 5.февруари во Хјустон ќе играат во 51.издание на Супербол. „Патриотс“ ќе атакуваат на својата петта шампионска титула во историјата, додека за Атланта тоа би бил прв триумф во големото финале.
Легендарниот квотербек на Њу Ингланд патриотс, Том Брејди, ги предводеше своите соиграчи до рекордното деветтто учество на Супербоул, а за него лично седми настап во финалниот двобој. Тоа досега му нема појдено од рака на ниту еден квотербек во историјата. Њу Ингланд патриотс во финалето на конференцијата АФЦ беа подобри од Питсбург стилерс и славеа со 36-17. Бреди фрли вкупно 384 јарди и имаше три тачдауни.
– Среќен сум за момците, за Њу Ингланд патриотс, за нашите фанови. Повторно сме во Супербол, ќе биде тоа ѓаволски добро финале против Атланта фалконс – изјави Том Брејди.
Атланта фалконс во финалето на конференцијата НФЦ ги победи Грин Беј пекерс со 44-21. По првите две четвртини домаќинот имаше водство од 24-0, по што Грин Беј не можеше да се врати во мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.