Во последниот натпревар од 21.коло во Серија А, Рома оствари минимална победа (1-0) над Калјари на „Олимпико“ и прокнижи нови три бода во трката за шампионската титула во Серија А. Сега „волчицата“ има 47 бода, еден помалку од лидерот Јувентус, кој има одиграно еден натпревар помалку.
Един Џеко беше стрелец на победничкиот гол за римјаните на оваа средба. Босанскиот интернационалец одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник по центаршутот на Рудигер и ја затресе мрежата на гостите.
Во завршницата Рома имаше неколку убави можности и за зголемување на водството, „босанскиот дијамант“ ја погоди гредата, голманот на гостите Рафаел бранеше одлично, но бодовите сепак останаа во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)