| четврток, 6 декември 2018 |

Немања Обрадовиќ ќе добие македонски пасош

metalurg-obradovic

26-годишниот ракометар на Металург, Немања Обрадовиќ наскоро ќе добие македонски пасош и ќе настапува за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство во Хрватската следната година. Средниот ред е изборот за уште една солуција на позицијата среден бек на селекторот Лино Червар.

Обрадовиќ е роден во Србија, настапувал за Металопластика, Јагодина и Напредак од Крушевац во Србија и Валонс во Франција. Средниот и лев бек веројатно ќе дебитира на мечевите со Исланд во мај, а во јуни нашата селекција ќе се сретне со Украина на гости и Чешка на домашен терен за крај на групната фаза.

Последен ракометар на позицијата среден бек кој доби пасош и настапуваше за македонската репрезентација беше Немања Прибак, кој на Мундијалот во Франција не беше повикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top