Откако најголемата ѕвезда на Вест Хем, Французинот Димитри Паје ги шокираше навивачите и менаџерот на тимот со изјавите дека повеќе нема да игра за клубот и дека сака веднаш да му биде одобрен трансфер, стана најомразен лик во овој тим.
Според најновите информации од англиските медиуми по ваквото однесување на крилниот напаѓач ќе му биде дозволено да го напушти Вест Хем, а неговите соиграчи повеќе не сакаат ниту да го видат. Тие имале ритуал и секоја недела оделе на тимски ручек сите заедно, а на Паје по неговите изјави му порачале дека не сакаат да го видат на нивната маса.
Иако официјално тој се уште играч на Вест Хем, Паје бил отстранет од своите соиграчи од сите групи на социјалните мрежи на кои комуницирале меѓу себе. Според сите најаваи, тој наскоро ќе се врати во тимот на Марсеј каде и дојде во источен Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.