| четврток, 6 декември 2018 |

Не­до­сти­гот на ви­та­мин Д мо­же да пре­диз­ви­ка аст­ма и рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции

Во пос­лед­ни­те две де­це­нии се ре­а­кту­а­ли­зи­ра проб­ле­мот со де­фи­ци­тот на ви­та­мин Д осо­бе­но во раз­ви­е­ни­те зем­ји со та­ка­на­ре­чен за­па­ден стил на жи­ве­е­ње. Тоа по­драз­би­ра зго­ле­мен пре­стој во за­тво­ре­ни про­сто­рии, кој во одре­де­ни сре­ди­ни за­зе­ма ду­ри и 96 про­цен­ти од вре­ме­то, не­а­де­кват­но вне­су­ва­ње ви­та­мин Д со хра­на­та би­деј­ќи се пре­фе­ри­ра бр­за хра­на пре­теж­но ба­зи­ра­на на јаг­ле­но­хи­дра­ти, не­до­вол­на фи­зич­ка актив­ност на отво­ре­но, ве­ли д-р Пе­тру­шев­ска-Ко­ле­ќе­ска

Во пос­лед­но вре­ме по­сто­јат по­ве­ќе сту­дии кои ја до­ка­жу­ва­ат вр­ска­та ме­ѓу не­за­до­во­ли­тел­но­то ни­во на ви­та­ми­нот Д во ор­га­низ­мот со за­че­сте­ни­те рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции – аст­ма, ато­пи­ја и ну­три­тив­на алер­ги­ја кај де­ца­та и кај во­зрас­ни­те.

При­чи­ни­те се во со­вре­ме­ни­от на­чин на жи­вот, кој вклу­чу­ва на­ма­ле­на из­ло­же­ност на сон­це по­ра­ди по­долг пре­стој во за­тво­ре­ни про­сто­рии, по­ма­ло вне­су­ва­ње ви­та­мин Д пре­ку хра­на­та по­ра­ди кон­су­ми­ра­ње бр­за и пре­ра­бо­те­на хра­на, ка­ко и не­до­вол­но вне­су­ва­ње на овој ви­та­мин во те­кот на бре­ме­но­ста, ве­ли при­ма­ри­ус д-р Ли­ди­ја Пе­тр­шев­ска–Ко­ле­ќев­ска, спе­ци­ја­лист по пе­ди­ја­три­ја во Ин­сти­ту­тот за бе­ло­дроб­ни за­бо­лу­ва­ња кај де­ца­та „Коз­ле“ во Скоп­је.

Зо­што е ва­жен ви­та­ми­нот Д за пра­ви­лен раст и раз­вој на де­ца­та?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА: Во те­кот на пр­ва­та го­ди­на по ра­ѓа­ње­то се слу­чу­ва нај­бр­зи­от раст на те­ло­то и на ко­ске­ни­от си­стем, кој со го­ле­ма ди­на­ми­ка про­дол­жу­ва до адо­лес­цен­ци­ја­та. Ток­му во тој пер­и­од ви­та­ми­нот Д е мно­гу ва­жен би­деј­ќи ја пот­тик­ну­ва ап­сорп­ци­ја­та на кал­ци­у­мот во ди­ге­стив­ни­от си­стем и го одр­жу­ва аде­кват­но­то ни­во на се­рум­ски­от фо­сфор, кој е ва­жен за нор­мал­на ми­не­ра­ли­за­ци­ја на ко­ски­те, нив­ни­от раст и нив­но­то ре­мо­ду­ли­ра­ње. Исто та­ка, тој учес­тву­ва и во ди­фе­рен­ци­ја­ци­ја­та и во про­ли­фе­ра­ци­ја­та на кле­тки­те кои се важ­ни за не­вро­му­ску­ла­тор­на­та функ­ци­ја, иму­но­ло­шка­та функ­ци­ја и е ва­жен во на­ма­лу­ва­ње­то на имф­ла­ма­тор­ни­те про­це­си. На­уч­но е до­ка­жа­но де­ка за мно­гу ге­ни што ги ко­ди­ра­ат про­те­и­ни­те по­треб­ни за со­зре­ва­ње на иму­но­ло­шки­от си­стем е пре­суд­но при­сус­тво на ви­та­мин Д. Во пос­лед­но вре­ме по­сто­јат по­ве­ќе сту­дии што ја до­ка­жу­ва­ат вр­ска­та ме­ѓу не­за­до­во­ли­тел­но­то ни­во на ви­та­мин Д во ор­га­низ­мот со за­че­сте­ни рес­пи­ра­тор­ни ин­фек­ции кај де­ца­та и кај во­зрас­ни­те.

lidija-petrusevska-kolekevska-02 (Custom)

На­уч­но е до­ка­жа­но де­ка за мно­гу ге­ни што ги ко­ди­ра­ат про­те­и­ни­те по­треб­ни за со­зре­ва­ње на иму­но­ло­шки­от си­стем е пре­суд­но при­сус­тво на ви­та­мин Д, вели д-р Петрушевска-Колеќевска

Истра­жу­ва­ња­та по­ка­жу­ва­ат де­ка е во по­раст не­до­сти­гот на ви­та­мин Д. Зо­што е тоа та­ка?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА:Во пос­лед­ни­те две де­це­нии се ре­а­кту­а­ли­зи­ра проб­ле­мот со де­фи­ци­тот на ви­та­мин Д, осо­бе­но во раз­ви­е­ни­те зем­ји со та­ка­на­ре­чен за­па­ден стил на жи­ве­е­ње. Тоа по­драз­би­ра зго­ле­мен пре­стој во за­тво­ре­ни про­сто­рии, кој во одре­де­ни сре­ди­ни за­зе­ма ду­ри 96 про­цен­ти од вре­ме­то, не­а­де­кват­но вне­су­ва­ње на ви­та­ми­нот Д со хра­на­та би­деј­ќи се пре­фе­ри­ра бр­за хра­на пре­теж­но ба­зи­ра­на на јаг­ле­но­хи­дра­ти, не­до­вол­на фи­зич­ка актив­ност на отво­ре­но. Ае­ро­за­га­ду­ва­ње­то во ур­ба­ни­те сре­ди­ни до­пол­ни­тел­но при­до­не­су­ва за на­ма­лу­ва­ње на син­те­за­та на ви­та­мин Д пре­ку ко­жа­та. Смо­гот во 60 от­сто ја на­ма­лу­ва УБ екс­по­зи­ци­ја­та, осо­бе­но во зим­ски­от пер­и­од. Ле­та­та во пос­лед­ни­те две де­ка­ди бе­ле­жат зго­ле­мен УВ ин­декс, па ние до­пол­ни­тел­но се шти­ти­ме со средс­тва.

Што мо­же да пре­диз­ви­ка не­до­сти­гот на ви­та­мин Д?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА: Ви­та­ми­нот Д го има во про­ду­кти од жи­во­тин­ско по­тек­ло, и тоа ри­ба, јај­ца, мле­ко и млеч­ни про­из­во­ди, ме­со. Си­те ве­га­ни и ве­ге­та­ри­јан­ци се со ри­зик за не­гов де­фи­цит. Не­до­сти­гот на ви­та­мин Д мо­же да ги пре­диз­ви­ка си­те бо­ле­сти кои до­ве­ду­ва­ат до на­ру­ше­на ап­сорп­ци­ја во ди­ге­стив­ни­от си­стем, ин­то­ле­ран­ци­ја на ла­кто­за, Кро­но­ва бо­лест, це­ли­ја­ки­ја, од­нос­но не­под­нос­ли­вост на ор­га­низ­мот на глу­тен, на­ма­ле­на функ­ци­ја и оште­ту­ва­ње на цр­ни­от дроб, на­ма­ле­на бу­бреж­на функ­ци­ја. Цр­на­та рас­а е со зго­ле­мен ри­зик за де­фи­цит на ви­та­мин Д по­ра­ди на­ма­лен број ме­ла­ни­цит­ни ре­цеп­то­ри. Исто та­ка, ту­ка спа­ѓа­ат и лу­ѓе­то со на­ма­ле­на екс­по­зи­ци­ја на УВ зра­че­ње – но­се­ње за­штит­на об­ле­ка на те­ло­то и на гла­ва­та, ка­ко и лу­ѓе­то со зго­ле­ме­на те­лес­на те­жи­на.

Освен со хра­на­та, ка­ко уште мо­же­ме да вне­се­ме ви­та­ми­н Д во ор­га­низ­мот?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА: По­сто­јат нај­раз­лич­ни пре­па­ра­ти за суп­ле­мен­та­ци­ја на ви­та­ми­нот Д. Тие мо­же да би­дат при­род­ни, ка­ко што е ри­би­но­то мас­ло, и син­тет­ски. Суп­ле­мен­та­ци­ја­та на ви­та­ми­нот Д кај нас е во­ве­де­на во 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век ка­ко за­дол­жи­тел­на кај до­ен­чи­ња­та и кај ма­ли­те де­ца со цел суз­би­ва­ње на по­ја­ва­та на ра­хи­тис.

Кол­ка­ва е днев­на­та до­за ви­та­мин Д што тре­ба да се вне­се во те­ло­то?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА: Се­рум­ско­то ни­во на 25 хи­дро­кси ви­та­мин Д е нај­до­бар ин­ди­ка­тор на ста­ту­сот на ви­та­мин Д во те­ло­то и тој ја реф­ле­кти­ра про­дук­ци­ја­та пре­ку ко­жа­та и вне­су­ва­ње­то со хра­на или суп­ле­мен­ти. Не­го­во­то оп­ти­мал­но ни­во тре­ба да би­де ме­ѓу 40-50 на­но­мо­ли/л. Кон­цен­тра­ци­и­те од 30 до 50 на­но­мо­ли/л се не­за­до­во­ли­тел­ни, а под 30 на­но­мо­ли/л се де­фи­цит­ни.

lidija-petrusevska-kolekevska-01 (Custom)

По­сто­јат нај­раз­лич­ни пре­па­ра­ти за суп­ле­мен­та­ци­ја на ви­та­ми­нот Д. Тие мо­же да би­дат при­род­ни, ка­ко што е ри­би­но­то мас­ло, и син­тет­ски

Ри­би­но мас­ло или ви­та­мин А+Д3? Што е по­до­бро и до ко­ја во­зраст да се пи­јат?

ПЕТ­РУ­ШЕВ­СКА-КО­ЛЕ­ЌЕВ­СКА: Де­ца­та до пет­та­та го­ди­на тре­ба да при­ма­ат се­којд­нев­но по 400 ИЕ на ден, освен во лет­ни­те ме­се­ци. Днев­ни­те по­тре­би за ви­та­мин Д до 70-го­диш­на во­зраст се око­лу 600 ИЕ на ден, а над таа во­зраст 800 ИЕ на ден. Пред­ност има­ат при­род­ни­те из­во­ри, ка­ко ри­би­но мас­ло од ба­ка­лар кое со­др­жи по­ве­ќе од 1.300 ИЕ во ед­на су­пе­на ла­жи­ца, но по­ра­ди не­при­јат­ни­от ми­рис и вкус мо­же да се за­ме­ни со син­тет­ски суп­ле­мен­ти. Ком­би­на­ци­ја­та со ви­та­мин А е оправ­да­на кај не­до­сти­гот на овој ви­та­мин би­деј­ќи во спро­тив­но мо­же да има не­га­тив­ни то­ксич­ни ефе­кти.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 229. број на неделникот Република на 20. 01.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top