| четврток, 6 декември 2018 |

Докторка вратила петгодишно девојче бидејќи доцнело четири минути, за пет часа веќе било мртво

2-620x350

Петгодишно девојче починало пет часа откако докторката одбила да го прими на преглед. На Ели Меј Кларк и на нејзината мајка им било речено дека задоцниле за прегледот и да се вратат утре, а истиот ден девојчето починало од напад на астма.

Докторката, која ги вратила одбила да го коментира случајот, а, како што јави „Би-Би-Си“, семејството на девојчето ќе побара истрага. За целиот случај да биде уште потрагичен, Ели и нејзината мајка на закажаниот преглед задоцниле само четири минути, а бабата на девојчето додала дека таа дури и се јавила да каже дека нема да стигнат навреме за прегледот.

– Докторката Роув не ги примила. Нејзината одлука го чинеше нашето девојче животот – порачала бабата.

Ели Меј добивала тешки напади на астма и веќе подолго време била лекувана в болница. Како што пренесува „Дејли меил“, докторката била предупредена дека девојчето страда од сериозна болест, но таа, сепак, решила да не го прими.

The-Grange-Clinic

Тој ден на малото девојче му се слошило, а неговата мајка закажала кај докторката за 17 часот, а стигнала во 17.04.

Потоа се вратиле дома, а повикот кон Итната помош кога нејзината состојба почнала сериозно да се влошува го утатиле во 22.35. Таа доживеала напад по кој престанала да дише. Докторите што дошле на помош, за жал, не успеале да ѝ помогнат.

– Се чувствуваме ужасно. Мислам дека таа докторката треба да оди в затвор за ова. Не ни се ни извини – изјавиле од семејството.

Докторката Роув, инаку, работи како педијатар 22 години, а истрагата за овој случај покажала дека таа не ја земала предвид историјата на болеста на ова дете, по што засега е преместена на друго работно место. Таа тврдела и дека била со друг пациент, па затоа не можеле да ја прими малата Ели, но истрагата покажала дека ова тврдење не е точно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top