| четврток, 6 декември 2018 |

Три жртви во лавини во австриските Алпи

Три лица ги загубија животите во неделата во австриските Алпи како последица на две лавини, соопштија локалните власти, пишува „Макфакс“.

Во долината на Вилдгерслостал на границата меѓу регионите Салцбург и Тирол, снежните наноси поклопиле двајца чешки туристи, а во местото Пфајфрлкепфел помошта дошла премногу доцна до еден фрирајдер, кој скијал надвор од трасираните патеки, пренесува австриската новинска агенција APA.

Во неделата попладнето горската служба за спасување имала уште една интервенција, меѓу општините Гросарл и Бад Хофгаштајн, каде што веројатно под лавина е заробено едно лице, додава агенцијата.

Загинатите чешки туристи биле во група од четири лица кои се упатиле кон планината без соодветна безбедносна опрема. Двајца мажи успеале самите да се извлечат од под наносите снег.

Фријадрерот настрадал во друга лавина, и бил дел исто така од група четворица локални жители љубители на авантуристичките зимски спортови.

Детали за уште едната евентуална жртва на лавина од неделата засега нема, а спасувачката операција продолжува и во текот на вечерта, се додава во извештајот на APA.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top