| четврток, 6 декември 2018 |

Бајач наплатил 1200 евра за лечење на болна девојка

bajac

Триесет и деветгодишен радовишанец, кој се претставувал како врач, наплатил дури 1.200 евра за да излечи девојка со нарушено психичко здравје, ама кога не успеал да ја „излекува“, мајката на девојката го пријавила во полиција.

Полициската станица во Радовиш јави дека поднела кривична пријава за Ј.У. (39) од Радовиш за кривично дело измама. Пријавениот во текот на април и мај годинава, претставувајќи се како лице кое знае да лекува со баење, ја измамил Т.Е. (51) од Кочани   дека ќе ја излекува нејзината ќерка која е со нарушено психичко здравје, при што неколку пати му дала парични средства во вкупен износ од 73.800 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top