Доналд Џон Трамп, 45 претседател на Соединети Американски Држави, на таа позиција дојде како претприемач, телевизиски продуцент и водител, како и политичар со германско шкотско потекло.

Интернет порталот МСН од неговата биографија издвои некои помалку познати факти помеѓу кои е и дека како најголемите ѕвезди, Трамп во Холивуд има сопствена ѕвезда на патеката на славните, а таа чест му е искажана во 2007 година.
Доналд Трамп е четврто од петте деца во неговото семејство.

Трамп има пет деца од три брака. Синт Барон го има со сегашната сопруга Меланија, со првата сопруга Ивана има три деца, а со втората Марла Маплес ја има ќерката Тифани.
Поради лошо однесување во училиште, родителите го пратиле во воено училиште во Њујорк, наведува порталот МСН.

Малку е познато, наведува МСН, дека пред 12 години беше претставена друштвена игра „Трамп“.

Во телевизиската емисија “Late Night”, милијардерот Трамп изјави дека никогаш не користел банкомат.
Во филмот “Ghosts Can’t Do It” (Духовите тоа не го можат) од 1990 година, Трамп се глумеше самиот себе.
Исто така не е познато, дека новиот американски претседател воопшто не пие алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


