| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј елиминиран во осминафиналето на Австралија опен

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј не успеа да се пласира во четвртфиналето на Австралија Опен, откако изутрина беше совладан од Германецот Миша Зверев со 3-1.

Зверев го доби првиот сет со 7:5, со истиот резултат возврати Британецот во вториот сет, а потоа беше 6:2 и 6:4 за германскиот тенисер.

Ова е втора сензација на првиот годинашен Грен слем, откако претходно, во 2.коло беше елиминиран и брителот на трофејот Новак Ѓоковиќ.

Зверев за противник во следната рунда ќе го има подобриот од мечот Федерер – Нишикори, кој е во тек.

На другите два денешни дуела Жо-Вилфред Цонга го победи Даниел Еванс со 3-1, а Стан Вавринка беше подобар од Андреас Сепи со 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top