Три пратенички се хоспитализирани ноќта кон саботата во меѓусебната тепачка која кулминираше откако независната пратеничка Ајлин Назлиака се врза со лисици за говорницата во знак на протест на усвојувањето на уставните реформи за проширувањето на овластувањата на шефот на државата, пишува весникот Hurriyet.
Назлиака ги повикуваше пратениците да ги отфрлат предлозите за уставните реформи предложени од владејачката Партија на правото и развојот (АКР) во текот на дискусијата за клучниот осмиот член од законот, но нејзините политички опонентки се обидоа да ја ѝ ги извадат лисиците и да ја отстранат од парламентарната говорница.
Во расправијата којашто премина во физичка пресметка се вмешаа повеќепратенички и пратеници од различни парламентарни групи, по што во мешаницата повеќето биле полесно повредени, а три се хоспитализирани, од кои две со повреди на нозете, а една поради аритмија откако добила удар во градите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)