| четврток, 6 декември 2018 |

Поради пожар: Скокале од горниот кат на дискотеката за да се спасат (видео)

Во пожарот кој избил рано утрово во популарниот ноќен клуб во Букурешт, повредени биле 38 луѓе и тие се згрижени во болница. Едно лице се здобило со потешки повреди.

Пожарот избил во раните утрински часови, во околу четири часот по полноќ, во елитниот клуб „Бамбу”, кој се наоѓа на брег на езеро. Клубот изгорел до темел, пренесува агенцијата „АП“.

Повеќето луѓе се наголтале чад, додека некои од повредените скокале од горните нивоа на клубот во езерото бегајќи од пламенот.

Некои кои побегнале од клубот без јакни, на -12 степени доживеале хипотермија. Причината за пожарот не е позната, а обвинителството отворило истрага.

pozar

На самото место биле пратени 20 возила на Итна помош.

Компанијата „Бамбу” има неколку клубови во Романија и еден во Мајами на Флорида.

Во најголемата трагедија во некој ноќен клуб во Букурешт, во 2015. година загинале 64 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top