| четврток, 6 декември 2018 |

Норвежаните не спуштија на земја, заврши настапот за Македонија на СП

norveska rakomet

Македонија го одигра осминафиналиот натпревар на Светското ракометно првенство во Франција против селекцијата на Норвешка и доживеа висок пораз од десет гола разлика (34-24).

Ако по првото полувреме кое заврши со само два гола негатива, во вторите 30 минути се распадна играта на „црвено-жолтиот“ состав.

Во првиот дел Македонија со големи осцилации во играта сепак знаеше да најде против игра на норвешките ракометри и со тоа да се избори за поволен резултат и негатива од само два гола разлика.

makedonija rakomet

Почетокот на второто полувреме го навести дебаклот што се случи до крајот на мечот. Норвежаните со убиствената полуконтра која е нивен заштитен знак дури и по примен гол набрзина доаѓаа до лесна реализација и ја зголемија предност на шест голови по само пет минути игра.

Можеби пресудно за слабото издание на нашиот состав е отсуството и повредите на Филип Миркуловски и Дејан Манасков кои до овој меч беа главна карика во играта на Македонија.

До крајот Лино Червар им даде шанса на сите ракометри за да ја почуствуваат мундијалската атмосфера. До крајот на мечот капитенот Кире Лазаров на своето конто додаде уште шест гола и со вкупно 50, е најефикасен ракометар до оваа фаза на Светското првенство во Франција.

Сепак македонската спортска јавност може да биде задоволна од настапот на оваа „нова Македонија“ бидејќи го оствари зацртаното и се пласираше во исминафиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top