Околу 300 метри под земја, во близина на босанскиот град Коњица, се крие бункерот на Јосиф Броз Тито. Некогашниот претседател на поранешната Југославија наредил да се игради во најголема тајност во случај на нуклеарна катастрофа. Бункерот бил изграден за неговото семејство и 350 најважни политички и воени соработници.
Воениот објект под име „Д-О АРЦ“ е граден во голема тајност дури 26 години меѓу 1953 година и 1979 година за време на Студената војна. Опремен е со најсовремена технологија на тоа време. Има фиксни телефони, машини за пишување и друга позната апаратура за комуникација од средината на минатиот век.
Денес овој бункер има улога на редок уметнички музеј за разни уметници од целиот свет. Но претставува и потсетник на времето во кое заканите за нуклеарна војна биле секојдневна појава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)