| четврток, 6 декември 2018 |

Големи осцилации во првото полувреме, Македонија е рамноправен противник

kire lazarov

Осминафиналните натпревари на Светското првенство во Франција ги отвараат репрезентациите на Македонија и Норвешка со мечот кој започна во 16 часот во Арбервил.

Нашата репрезентација игра со големи осцилации во текот на првото полувреме и има негатива од два гола(10-12) бидејќи на секоја предност на Норвешка од два и три гола (4-2, 5-3, 8-5) одговори со добра игра особено во одбраната која овозможи да да дојдеме и до првото водство откако избраниците на селекторот Лино Червар направија серија од четири гола (9-8). По ова водство Македонија имаше шанса да дојде и до

Македонските репрезентативци воопшто не се исплашија од фаворитот во овој дуел воопшто иако може слободно да се каже дека Норвежаните во првите 10 минути добија огромна подршка од литванските судии кои го исклучија Никола Марковски и тоа двапати по две минути и досудија еден непостоечки пенал.

Голманот Колев е на висина на задачата и неговите шест обрани им даваат крила на македонските репрезентативци.

Посебно мора да се спонат нашите крила кои добија дури осум топки за да реализираат од чисти позиции, но тоа не се случи. Среќата не е на нашата страна во првиот дел бидејќи нашите играчи пет пати ја погодија конструкцијата од голот.

Отсуството на Дејан Манасков и Филип Миркуловски се чувствува во „црвено-црниот“ состав

Двата гола негатива влеваат надеж дека Македонија со корекција на играта во нападот и неколку брзи реализации може да стигне до посаккуван резултат и пласман во четвртфиналето.

Кире Лазаров е стрелец на четири гола, а кај Норвежаните најефикасен е Сагосен со еден повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top