| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно балтички судии, со Литванците не поминавме добро, на ред се Летонци

sudii letonija

Летонските судии Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис ќе ја делат правдатата на денешниот осминафинален натпревар против селекцијата на Норвешка. Македонија нема премногу среќа со арбитрите на овој мундијал, но откако литванските судии имаа бројни грешки на дуелот со Шпанија, а Аргентинците се избламираа на мечот со Исланд, за очекување и ИХФ сега да се реши за посериозни двојки кои ќе овозможат 50-50 судење за двете репрезентации.

Лицис и Сондорс судеа уште на Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година, а во меѓувреме ја делеа правдата и на неколку европски и на светски шампионати.

На овој мундијал Летонците ја делеа правдата на натпреварите од групата Ц во Руен, при што добро си ја завршија работата, без посериозни замерки на некоја од селекциите чии средби ги судеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top