Полицијата и демонстрантите се судрија во Вашингтон за време на инаугурацијата на Доналд Трамп. Американската полиција не дозволи „Шарена револуција“ во САД, откако во првиот ден на новиот претседател упсени се 217 хулигани на Сорос кои насилно протестираа против неговата инаугурација. Властите во Вашингтон нема да толерират насилство од страна на учесници во собирите против Доналд Трамп, изјави градоначалникот на главниот град Муриел Баузер.
Најмалку шест полицајци се повредени во судирот помеѓу полицијата и демонстрантите, во протестите кои, како што пренесуваат медиумите биле и насилни.
Шефот на полицијата на округот Колумбија во Вашингтон изјави синоќа дека се уапсени 217 лица кои се товарат за предизвикување немири и нанесување полесни повреди врз шест полицајци за време на вчерашните протести против претседателот Доналд Трамп.
Полицијата била принудена да употреби солзавец во судирите со демонстрантите.
– Властите во Вашингтон нема да толерират насилство од страна на учесници во собирите против Доналд Трамп, изјави градоначалникот на главниот град Муриел Баузер.
Маскирани демонстранти во црна облека кршеа прозорци на ресторани, банки и автомобили и фрлаа канти за смет во центарот на Вашингтон, по што се судрија со полицијата. Тоа се случи непосредно пред почетокот на претседателската инаугурација на Доналд Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)