Светското ракометно првенство во Франција влегува во нова фаза, во која репрезентациите немаат право на грешка доколку сакаат пласман во завршницата. Македонија ја помина групната фаза со две победи, два порази и едно реми, што им ја донесе Норвешка за противник во осминафиналето.
За нашите ракометари не е новина играта против скандинавската селекција, впрочем со нив вкрстивме минатата година на Европското првенство во Полска во втората групна фаза. Тогаш, „црвено-жолтите“ одиграа фантастично прво полувреме, во кои изградија предност од четири гола (17-13), но дозволија истата да се стопи во вторите 30 минути за конечно реми од 31-31.
На тој меч брилјираше капитенот Кире Лазаров кој ги почасти Норвежаните со 11 гола.
Во продолжение може да се видат сите голови на Лазаров на мечот од минатата година на ЕП во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)