| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го почнува осминафиналето, 13 европски репрезентации во нокаут фазата

makedonija rakomet 1

Со одигрувањето на последните натпреварит од групната фаза на Светското првенство во ракомет, кое се одржува во Франција, дефинирани се сите осминафинални парови. Бразил, Катар и Египет се единствените неевропски селекции во нокаут-фазата која почнува денеска со натпреварот во Албервил помеѓу Македонија и Норвешка. Во денешната програма уште ќе се сретнат Франција – Исланд, а во вечерниот термин од 20.45 играат Бразил – Шпанија и Русија – Словенија.

Осминафинале:

Македонија – Норвешка, Франција – Исланд, Шпанија – Бразил, Словенија – Русија, Данска – Унгарија, Германија – Катар, Хрватска – Египет, Шведска – Белорусија.

osminafinalisti

Ако Македонија ја елиминира Норвешка, во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот Данска – Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top